Украинците погодија и трет мост во Курск

Сподели со своите пријатели

И третиот мост на реката Сејм во областа Курск во Русија беше погоден од украинските сили.

Loading...

Информацијата заедно со видеото ја објави Киев пост, како и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Русите „во котел“

Доколку се потврди уништувањето на третиот мост, единиците на руските вооружени сили на југ ќе бидат во „котел“, а приближната површина на околината ќе биде речиси 700 квадратни километри, пишува Герашченко.

 

 

Потврдено од Русите

Руски истражител изјави за Ројтерс денеска дека Украина удрила и оштетила трет мост на реката Сејм во руската област Курск еден ден претходно.

„На 18 август како резултат на целното гранатирање со употреба на ракетно и артилериско оружје против станбени згради и цивилна инфраструктура во селото Кариж… оштетен е третиот мост на реката Сејм“, изјави претставник на руската Истражен комитет.

Loading...

 

 

Најголемиот мост урнат на 16 август

Најголемиот мост на овој дел од фронтот, во селото Глушково, украинските вооружени сили го уништија попладнето на 16 август.

Еден ден подоцна, беше погоден мост на север, во Званоје.