Украинците ослободија важно место кај Бахмут, објавија и снимки: Само изгорена земја и урнатини (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинската армија успешно го ослободи селото Клишчивка кај Бахмут, соопшти во неделата украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Тоа е стратешки важно село кое треба да им овозможи на Украинците да продолжат со офанзивните акции на бојното поле кај Бахмут.

А украинската армија објави и видео од ослободеното село. По месеци и месеци тешки битки, од местото не остана речиси ништо.

На видеото се гледаат уништени куќи, а овде-онде може да се види како чад се издига над бојното поле…

Сè беше уништено, Клишчивка сега изгледа како град на духови.

Освен Клишчивка, Украинците пред неколку дена го ослободија и блиското село Андриевка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите зазедоа уште едно село во Украина

Се чини дека наскоро нè очекува уште една битка за Бахмут, која Русите успеаја да ја окупираат во мај по повеќемесечна војна.

Најголема заслуга за тоа тогаш ја презеде починатиот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин, чии војници загинаа во илјадници освојувајќи го овој град…

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.