Украинската воена разузнавачка служба ја презеде одговорноста за атентатот на прорускиот пратеник во окупираниот град Луганск во средата.
Михаил Филипоненко, член на локалното собрание назначен од Русија, е член на проруското сепаратистичко движење од 2014 година.
Тој беше еден од највисоките команданти на армијата т.н. Народна Република Луганск.
Украинската служба на Телеграм објави дека Филипоненко бил елиминиран во експлозија на автомобил-бомба.
Таа го обвини дека организирал затвори за цивили и војници во регионот на Луганск.
Се појавија и фотографии на кои се гледа неговиот разнесен автомобил.
Украинците го опишаа како „воен злосторник“ и „крвожеден“ кој самиот ги мачеше луѓето, пишува NY Post.
– Тоа е предупредување за сите кои соработуваат со руските терористи на привремено окупираната територија. Ловот продолжува – велат Украинците.
Тие исто така се обидоа да го убијат Филипоненко во февруари 2021 година, само три дена пред почетокот на руската инвазија на Украина.
Според украинските разузнавачки служби, пишува Вашингтон пост, во овој атентат учествувале и членови на локални движења на отпорот.
Леонид Пашечник, кој беше назначен од Русите за шеф на овој незаконски анектиран регион, ја опиша смртта на Филипоненко како „голема загуба“. Русите го сметаат атентатот за терористички акт.
Бомбите со автомобили на официјални лица стационирани од Русија на окупираните украински територии се чести откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.