Украина врати пет населени места во Херсон

Сподели со своите пријатели

Украина врати под своја контрола пет населени места во јужниот дел на Херсон, соопшти Јужната оперативна команда.

Loading...

Селата Нововасиловка, Новогрихоривка, Нова Камијанка, Трифонивка и Червоне во областа Берислав од вчера се повторно заземени, изјави претседателот на Јужната команда Владислав Назаров.

Тие населби се наоѓаат во еден од четирите региони неодамна анектирани од Русија.

Рускиот напад продолжи и денеска во областа Запорожје и во истоимениот град, изјави Анатолиј Куртев, секретар на Советот на општината.

Засега нема информации за жртви, иако Куртев ги предупреди мештаните на можноста од нов напад.

На југот на Украина, во областа на регионот контролиран од Русија, силна експлозија го погоди градот Мелитопол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.