Шефот на регионалната воена администрација Николаев, Виталиј Ким, објави дека украинските сили денеска собориле 13 беспилотни дронови камикази над Николаев.
„Ноќта меѓу 18 и 19 октомври, непријателот двапати ја нападна областа Миколаев со дронови камикази Шахед-136. 13 од нив беа соборени на територијата на регионот“, напиша Ким во објавата на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додава дека украинските сили собориле 11 дронови со средства за противвоздушна одбрана на Воздухопловната команда „Југ“, а преостанатите два биле соборени од војници на Националната гарда и Државната гранична служба на Украина.
Во публикацијата Ким напиша и дека утрото руските сили ја гранатирале околината на општина Широков и дека во тој напад нема повредени.