Украина: Руските сили го гранатираа Запорожје, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Еден цивил загина во ракетен напад на руските сили врз Запорожје, соопшти Анатолиј Куртев, секретар на градскиот совет на Запорожје.

Loading...

Во исто време, шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександар Старух, изјави дека по последниот ракетен напад на руските сили, 123 станбени згради во Запорожје останале без греење, пренесува Униан.

Според Старух, повеќе од 17.000 корисници во тие згради немаат греење.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна