Украина: Руски шпиони планирале да постават бомби во еден украински град

Сподели со своите пријатели

Украинската разузнавачка служба тврди дека спречила обид на руски шпиони да предизвикаат експлозии во централниот дел на земјата.

Loading...

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека во градот Виница се уапсени тројца агенти на руската воена разузнавачка служба кои планирале да ја кренат во воздух зградата на полицијата и автомобилот на еден украински војник.

„Припадниците на СБУ навреме ги открија намерите на непријателот и ги уапсија извршителите на руската наредба во моментот кога поставуваа скриена камера во близина на местото на планираната експлозија“, се вели во соопштението.

 

 

Детали за уапсените лица

Уапсени се двајца невработени жители на Киевската област, кои, според СБУ, биле регрутирани од окупаторите преку каналот Телеграм, ветувајќи им „лесна заработка“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските трупи со авиони ги нападнаа предградијата на Харков

Третиот член на групата бил задолжен за изработка на експлозиви и нивно ставање во контејнери исполнети со завртки.

Loading...

Сите тројца се во украински притвор и им се заканува доживотен затвор.