Украина: Руски напади насочени кон постројки за производство на гас

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Украина Денис Шмигал изјави дека денешните нови руски ракетни напади биле насочени кон капацитети за производство на гас и фабрика за ракети, пренесе агенцијата Интерфакс Украина.

Loading...

„Ракети во моментов летаат над Киев. Сега тие го бомбардираат нашето производство на гас, нашите претпријатија во Днепар и Јужмаш (ракетна фабрика)“, рече украинскиот премиер на прес-конференција, како што пренесе Ројтерс.

Претходно украинските власти објавија дека руски проектил го погодил пристанишниот град Одеса, но засега нема повеќе детали за евентуални жртви или материјална штета.

Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, јави ТАСС.

Сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Миколаевската област, како и делови од Кировоградската област и областите контролирани од Киев на Запорожје и Херсонската област.

Гувернерот на Одеса, Максим Марченко, на Телеграм објави дека е погодена инфраструктурата во областа Одеса и предупреди на „масивни ракетни напади на целата територија на Украина“.

Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко изјави дека неколку експлозии биле пријавени и во Днепар, каде биле оштетени два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е рането, пренесе АП.

Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, изјави дека системи за противвоздушна одбрана функционираат во централниот регион на Киев. Официјални лица во регионите Полтава, Харков, Хмелницки и Ривне ги повикаа жителите да останат во засолништа поради постојаната закана од ракетни напади.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.