Украина: Русите ги фокусираа нападите на Авдиевка, Маринка и Купјанск

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатиот ден руските војници се фокусирале на напади во правец на Авдеевка, Маријнка и Купјанск, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Loading...

Русите продолжуваат со обидите да ја опколат Авдеевка, а украинските сили цврсто ја држат одбраната, пренесува Униан.

Украинскиот Генералштаб наведува дека биле одбиени и руските напади во правец на Маринка, Бахмут, Шахтјорск и Запорожје.

Во исто време, украинските одбранбени сили ја продолжуваат офанзивната операција во правец на Мелитопол и јужно од Бахмут, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.