УКРАИНА: Полициски час за Нова година, употребата на пиротехника забранета

Сподели со своите пријатели

Полицискиот час во Украина нема да биде укинат ниту на новогодишната ноќ, соопшти денеска претставничката на Националната полиција Маријана Рева.

Loading...

Таа посочи дека за прекршување на полицискиот час може да одговараат оние кои се на улица на новогодишната ноќ, пренесува Интерфакс Украина.

Рева изјави дека употребата и продажбата на пиротехнички средства е практично забранета на целата територија на Украина и предупреди дека полицијата ќе реагира на вакви случаи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.