Украина: Од 13 септември соборени 223 дронови од иранско производство

Сподели со своите пријатели

Украинската војска објави дека од 13 септември ширум земјата се соборени 223 дронови камикази (UAV) од иранско производство наречени „Шахед-136“.

Во соопштението на украинските воздухопловни сили се наведува дека првиот дрон камиказа „Шахед-136“ бил соборен на 13 септември во областа Купјанск, во источна Украина.

Откриено е дека вкупно 223 дронови  камикази „Шахед-136“ биле соборени низ целата земја.

Минатиот месец Украина одлучи да ја повлече акредитацијата на иранскиот амбасадор во Киев, Манучер Моради и значително да го намали бројот на дипломати во амбасадата, со образложение дека администрацијата на Техеран „испорачувала оружје на Русија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Администрацијата на Трамп ја одложува воената помош за Украина до 2029 година

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба наводно му предложил на претседателот Володимир Зеленски да ги прекине дипломатските односи со Иран од истите причини.

Техеран, од друга страна, ги негира наводите дека дронови камикази и биле испорачани на Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.