Украина не презема одговорност за експлозиите на Крим

Сподели со своите пријатели

Киев не е одговорен за вчерашната експлозија во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици, пренесува Ројтерс.

Loading...

На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не“. Што имаме ние со тоа?“, наведува британската агенција.

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека на аеродромот на Крим експлодирала муниција, но дека немало никаков напад, а ниту авион не е оштетен, пренесе ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.