Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со дрон врз Русија.
Според руски извори, во Тула била погодена воена болница, а украински дронови биле забележани и во близина на Енгелс во Саратовската област, каде што се наоѓа базата на руските стратешки бомбардери.
Руските власти и медиуми објавија дека Украина во текот на ноќта извршила голем напад со беспилотни летала и проектили, при што оштетиле најмалку две фабрики, објави SkyNews.
🔥Last night saw the most massive attack by Ukrainian Armed Forces on Russian territory in 2025
Drones targeted Aleksin in the Tula region, as well as the Rostov, Voronezh, and Oryol regions of Russia.
Restrictions were imposed at airports in Kazan, Kaluga, Saratov, Tambov,… pic.twitter.com/dd4HMs3oeW
— NEXTA (@nexta_tv) January 14, 2025
Александар Богомаз, гувернер на областа Брјанск во западна Русија, изјави дека Украина извршила голем ракетен напад, но не кажа кои проектили се употребени.
Гувернерот на Саратовската област Роман Бусаргин на својот канал Телеграм потврди дека градовите Саратов и Енгелс биле подложени на масовен напад со беспилотни летала и дека е забележана штета во два индустриски капацитети.
Гувернерот на областа Тула, Дмитриј Миљаев, исто така, пријави напад со беспилотни летала од големи размери.
Дрони також атакували Казань у республіці Татарстан. Повідомляють про велику пожежу в районі заводу “Казань Оргсинтез”. Відео з Telegram-каналу Astra pic.twitter.com/Cmf21B9SFz
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) January 14, 2025
„Регионот Тула синоќа беше под силен напад на украински беспилотни летала. Одговорија системите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана. Првичните информации укажуваат дека се пресретнати воздушни цели. Жртви нема и се собираат информации за штетите“, најави тој.
Тој подоцна објави дека во нападот биле оштетени неколку автомобили и згради.