Украина именуваше амбасадор во Унгарија: Од ровови во дипломатската фотелја!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Унгарија Каталин Новак денеска потпиша договор во врска со назначувањето на новиот амбасадор на Украина во оваа земја, а јавноста особено ја привлече неговата биографија.

Loading...

Нов амбасадор на Украина во Будимпешта ќе биде Федор Шандор, кој во мирно време работел на Националниот универзитет Ужхород на западот на Украина.

Во 2020 година, Шандор беше избран за претставник на Закарпатскиот регионален совет.

По почетокот на инвазијата на Украина, Шандор се приклучил на украинската армија и станал борец на 101-та Закарпатска бригада и се борел на линијата на фронтот.

Оваа вест предизвика возбуда кај Украинците и рекоа дека тој е вистинската личност за оваа позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица загинаа, 17 се повредени во рускиот напад на Криви Рог

„Мило ми е што паметните и адекватни луѓе сè уште имаат шанса да бидат таму каде што можат да направат повеќе за Украина. Убеден сум дека ова е најдобриот избор за нашата земја. Рововите ве зајакнаа, станавте помудри и оваа позиција ќе ви помогне да ги најдете најдобрите дипломатски решенија во интерес на Украина“, напиша Олга Олексик.

Инаку, Шандор малку порано зборуваше за унгарските медиуми за ситуацијата на фронтот и рече дека украинската армија ќе ја ослободи секоја педа од земјата.

„Ова не е холивудски филм каде работите се случуваат во рок од еден час. Ќе ја ослободиме украинската земја малку по малку, чекор по чекор“, рече Шандор.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина претстави уште едно моќно хибридно оружје (ФОТО)

На прашањето како ќе постапи како амбасадор, Шандор најави дека ќе разговара со Орбан.

„Јас и Виктор Орбан ќе имаме многу да си кажеме“, рекол новиот амбасадор на Украина во Унгарија, пренесува Klix.ba.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.