Украина ги предупредува жителите на продолжување на руските ракетни напади

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на украинската област Черкаси денеска предупреди дека Русија може да изврши моќен ракетен напад во текот на денот.

Loading...

Тој ги повика жителите на областа да одат во засолништа откако ги вклучи сирените за воздушна опасност, пренесува Ројтерс.

Гувернерот на регионот Николаев, Виталиј Ким изјави дека од воздухопловните бази полетале 17 руски бомбардери Тупољев.

Неговата изјава дојде веднаш по денешните воздушни напади врз Киев и Харков насочени кон витална инфраструктура, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.