Украина: Благодариме за ракетите со долг дострел, но ни требаат и борбени авиони

Сподели со своите пријатели

Главниот советник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави веста за испраќање ракети со долг дострел во Украина, но додаде дека „тие не се замена за борбени авиони“.

Loading...

Да потсетиме, Киев со месеци бара од западните земји испорака на борбени авиони Ф-16, но досега ниту една западна земја не се одлучила на тој чекор.

Вчера, британскиот министер за одбрана Бен Валас потврди дека Обединетото Кралство ќе испрати во Украина ракети со долг дострел од типот Storm Shadow, чиј дострел е три пати поголем од се што имаат во моментов Украинците.

Скај њуз неофицијално дознава дека дел од тие проектили веќе ѝ се испорачани на Украина.

„Мораме да ги лишиме Русите од алатките за тероризирање цивили“

Андриј Јермак, главен советник на Володимир Зеленски, напиша дека „На Украина сè уште и требаат авиони Ф-16 за да ги лиши Русите од алатки за тероризирање цивили“.

Пишувајќи на Твитер, Јермак објави дека „украинскиот воздушен простор мора да се исчисти од руски авиони“.

„Колку побрзо го направиме тоа, толку побрзо агресорот ќе биде поразен“, додаде тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...