Украина би можела да биде поделена како Берлин по Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Украина и Русија, Кит Келог изјави дека Украина може да се подели „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор.

Loading...

Келог предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“.

Келог, кој има 80 години, рече дека англо-француските сили на западната страна на реката Днепар, која ја дели Украина од север кон југ и тече низ Киев, нема да дејствуваат како „провокација“ за Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дуда: Трамп е клучот за мирот во Украина

Тој додаде дека Украина е доволно голема за да дозволи присуство на неколку воени армии кои би го координирале прекинот на огнот.

„Речиси можело да изгледа како Берлин по Втората светска војна, кога имаше руски, француски, британски и американски сектор. Днепар е голема пречка“, додаде Келог, објаснувајќи дека Америка нема да испрати копнени трупи, но предложи формирање демилитаризирана зона широка 28 километри долж постојните контролни линии во источна Украина.

Планот на Келог подразбира имплицитно признавање на „де факто контролата на Русија“ над териториите што таа моментално ги окупира.

Тој призна дека рускиот претседател Владимир Путин можеби нема да ја прифати предложената поделба на зони на контрола, но ја нагласи потребата да се воспостави тампон зона меѓу украинските и руските линии за да се спречат инциденти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари во Киев поради напади со дронови, две лица повредени

Тој, исто така, рече дека Украина треба да одржи нови избори откако ќе се постигне прекин на огнот.

Loading...

Тој оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е отворен за одржување избори, но дека тоа е одлука што ќе ја донесе украинскиот народ, а не САД.

Келог нагласи дека односите меѓу Вашингтон и Киев „се враќаат на вистинскиот пат“, истакнувајќи дека преговорите за евентуален договор за украинските минерали се обновени.

Тој рече дека неговиот тим е подготвен повторно да се ангажира со Кремљ и во моментов чека руски услови за продолжување на преговорите.

„Мислам дека наскоро ќе ги дознаеме нивните барања“, рече Келог.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човекот на Трамп и Путин разговарале четири часа. Зеленски ја обвини Русија