Украина бара западни авиони, бродови, тенкови… „Тоа е нашата единствена желба за Божиќ“

Сподели со своите пријатели

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мељник побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи Патриот во Украина.

Loading...

Украина е многу благодарна за „храбрите нови потези“ на САД, рече Мељник.

„Но, познато е дека сѐ уште има табуа што треба да се скршат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција. Ова е нашата единствена желба за Божиќ“, рече поранешниот амбасадор на Украина во Германија.

Во спротивно, војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина, додаде Мељник.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува својата војска и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси.

„Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без разлика што ќе направат нашите сојузници“, посочи тој.

Мељник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“.

Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија.

Loading...

„Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мељник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.