УЈП ја објави „црната“ листа на должници – еве кој должи најмногу

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за изминатиот месец. На листаат се наоѓаат 5011 должници, што приватни што правни лица.

Loading...

На првото место се наоѓа и самиот рекорд од 1 милијарда денари, колку што должи фирмата „ЕЛ ДОН КАСТИЛЛО АНГЕЛ Д.О.О.Е.Л. ЕКСПОРТ-ИМПОРТ“ – СКОПЈЕ од Општина Гази Баба. Зачудувачки податок е што и вторите две фирми кои се веднаш зад оваа должат до денар иста сума од 1,156,083,597 денари или нешто помалку од 19 милиони евра, а станува збор за „МОТОР КОАЧ ИНДУСТРИЈА ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ Д.О.О. СКОПЈЕ и „ИНДУСТРИЈА ЕЛ АЗТЕКА“ Д.О.О. СКОПЈЕ.

Како и по обичај во топ 10-те најголеми должници мора да се најдат и јавни претпријатија кои се во државна сопственост. Меѓу нив рекордер и во овој месец е „Македонија пат“ која должи 6,7 милиони евра. Тука е и ЈП Комуналец од Гостивар со долг од 156 милиони денари.

Македонската радио телевизија пак се наоѓа на 14-то место. Иако сите плаќаме радио-дифузна такса, телевизијата не плаќа данок на државата, па така должи 1,8 милиони евра.

Од кумановските фирми најголем должник и натаму останува „НАМА“ А.Д. КУМАНОВО со долг нешто поголем од 1,3 милиони евра или 70 милиони денари ДДВ со 12 милиони денари данок на добивка.

Тука е и ИСКРАИНЖЕНЕРИНГ А.Д. КУМАНОВО со долг од 59 милиони денари или малку над милион евра, а значително помалку зад нив е и ЖИТО ФАРМ ГОРАН Д.О.О.Е.Л. КУМАНОВО со шест милиони денари.

Од јавните претрпиајтија најголем долг во Куманово има ЈП Чистота и зеленило со долг од 4,9 милиони денари или околу 80.000 евра, а значително помалку со нешто над 1 милион денари се наоѓа и Ц.О. „ШУМСКО СТОПАНСТВО“ – КУМАНОВО.