Управата за хидрометеоролошки работи го вклучи жолтиот метео аларм поради високите температури кои се предвидени за денешниот и утрешниот ден.
Топлотниот бран ќе ја зафати територијата на целата држава, а за денес се предвидени температури до 32 степени, исто колку и за текот на утрешниот ден. Утре во вечерните часови ќе настапи заоблалчување кое во среда ќе ги намали температурите за околу 10 степени целзиусови.
Вклучувањето на метео алармот предвидува да се превземат акциите од Здравствениот акционен план за фаза 1.