УХМР со најава за влажен и постуден воздушен бран

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилн и врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2.

Границата на снежните врнежи ќе биде пониска во недела и ќ е се спушти до околу 800 м.н.в. На по веќе места ќе се формира снежна п окривка, а на планините во западнит е и јужните делови позначително ќе се зголеми.

Во Скопската Котлина врнежите ќе бидат од дожд со слаб до умерен интензитет и се очекува да наврнат околу 10 л/м2.


Leave a Reply