Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Во недела како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни.
На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула.
Никола Ивановски