УХМР најавува невреме со постепен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Утре ќе се задржи топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од недела до вторник под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура.

На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Деталната викенд прогноза за Куманово можете да ја прочитате ТУКА.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор