Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу топло за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури од 5 до 12, а максималните дневни од 24 до 28 степени целзиусови.
Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со слаб ветер од јужен правец и максимална дневна температура од 24 стешени, додека истата во текот на ноќта ќе се спушти до 7 степени целзиусови.
Под влијание на стабилна и топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината.
Благ пад на температурата ќе има само во недела.