Кумановското музичко училиште повторно бележи победи и позитивни резултати, овој пат од Државниот натпревар на млади музичари кој се одржа од 12 до 15ти во Скопје.
Со први награди се закитија Дрин Салиу и Ермир Бектеши во првата категорија односно родени во 2005 година, како и второто место за Емира Муслиу во истата категорија. Второ место освои и Марко Насковски, но во втората категорија, односно родени во 2003 година, каде третото место припадна на Едита Муслиу исто така од Куманово, сите во пијано класата на Сандра Зојчевска.
Би сакала да истакнам дека конкуренцијата беше многу голема. По 70 ученика во секоја категорија, но уште еднаш моит еученици потврдија дека се мали, но големи пијанисти со што посебно ме прават горда. Посакувам секој професор да има вакви ученици – изјави проф. м-р Сандра Зојчевска, ментор на наградените ученици.
Инаку на овој натпревар право на учество зедоа ученици од основни и средни музички училишта од државата во сите музички дисциплини, категории и инструменти.