Ученици од Куманово натепани додека чекале превоз кон дома

Сподели со своите пријатели

Група средношколци кои чекале училишен превоз вчеравечер биле физички нападнати од друга група во центарот на Куманово.

Loading...

Според неофицијални информации група со фантомки кои преходно вербално провоцирале ги нападнале учениците кај автобуската постојка кај Серава.

Од полицијата со кратко соопштение без многу детали информираат дека татко пријавил оти негов син и негови пријатели биле нападнати.

– На 02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Млад градежен работник од Куманово загина во Гевгелија

Според информации на Кумановски Муабети, во пресметката користеле боксирачи, при што му нанеле повреди на ученикот кој побарал лекарска помош во болница.

Неофицијално станува збор за инцидент со меѓуетнички предзнак, но засега ниту една од институциите тоа не го потврдува.

Никола Ивановски