Уапсени две ирански актерки: Ја симнале шамијата од главата

Сподели со своите пријатели

Две истакнати ирански актерки беа уапсени поради јавна поддршка на масовните антивладини протести, јавуваат државните медиуми во таа земја.

Loading...

Хенгамех Газиани и Катаџун Риахи се обвинети за дејствување против иранските власти, според новинската агенција Ирна.

Во јавноста се појавиле без шамии

И двете жени претходно во јавноста се појавиле без шамии, во знак на солидарност со демонстрантите кои протестираат од септември, односно од смртта на Махса Амини.

Дваесет и двегодишната Махса Амини беше приведена од моралната полиција во Техеран поради наводно кршење на строгите правила за хиџаб. Таа почина на 16 септември, три дена подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа санкции за поединци поврзани со иранската Револуционерна гарда

Имаше извештаи дека полицајците ја тепале со палки и ја удирале главата во возило, но полицијата негирала дека била малтретирана. Полицијата тврди дека таа доживеала срцев удар.

Хенгаме Газиани и Катаџун Риахи се актерки со повеќе награди. Тие се приведени во неделата по наредба на иранското обвинителство, јави ИРНА.

Пред апсењето Газиани на социјалните мрежи напиша: „Што и да се случи, знајте дека ќе бидам со народот на Иран како и секогаш“.

– Ова е можеби мојата последна објава – додаде таа. На Инстаграм таа сподели видео како не носи марама на улица и ја собира косата во опавче.

Loading...

Повеќе од 400 демонстранти загинаа

Претходно во неделата, капитенот на иранската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар, Ехсан Хејсафи изјави дека „мора да прифатиме дека условите во нашата земја не се добри и дека нашиот народ не е среќен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Одделно, шефот на иранската боксерска федерација, Хосеин Сури, објави дека нема да се врати дома од турнир во Шпанија поради насилното задушување на протестите во неговата родна земја.

Активистите за човекови права објавија дека околу 400 демонстранти биле убиени, а 16.800 уапсени во репресијата од безбедносните сили.

Иранските лидери велат дека протестите се „немири“ организирани од странските непријатели на земјата.

Најмалку пет демонстранти се осудени на смрт во врска со демонстрациите.