Твитер: Отпуштени оние што го прозиваат Маск

Сподели со своите пријатели

Твитер веќе некое време е во хаос, со се повеќе отпуштени работници кои споделуваат секакви неверојатни информации.

Loading...

По оние кои беа отпуштени преку мимика, и познатите кои ја напуштија платформата поради однесувањето на Маск, на ред дојдоа работниците кои добиле отказ бидејќи го повикале новиот сопственик на одговорност.

Некои велат дека веќе никој во компанијата никому не верува, па сè изгледа како некаква сатира која го искривува однесувањето на оние кои живеат и работат во капитализмот.

Најмалку тројца работници кои го преживеаја масовното отпуштање беа отпуштени откако го прозваа Илон Маск на Твитер.

Еден од нив е Ерик Фронхофер, кој реагираше на твитот во кој Маск се извини што мрежата е побавна во некои земји.

Во таа прилика тој напиша дека новиот сопственик погрешил, а кога овој го прашал која е точната информација, Фронхофер одговорил дека Твитер за Андроид е побавен поради голем број бескорисни функции и дека тоа е резултат на серија погрешни одлуки.

Наместо да биде награден, Фронхофер набрзо добил отказ.

Маск ги информирал своите следбеници на оваа платформа дека вработениот бил отпуштен откако Фронхофер, како одговор на коментарот дека можеби треба да комуницира со Маск приватно, одговорил дека би бил среќен да го стори тоа поставувајќи му прашања приватно – преку Slack или е-пошта (на твитовите подоцна беа избришани).

Loading...

Новата стратегија се повеќе наликува на живеење.