Твитер го распродава имотот: Фрижидери и компјутери, па дури и своето неонско лого

Сподели со своите пријатели

Големиот неонски знак, корпоративното лого на Твитер, моментално достигна цена од 17.500 долари, а покрај тоа, компанијата на милијардерот Илон Маск продава на аукција машини за еспресо, повеќе фрижидери и компјутери.

Loading...

Извршниот директор на Твитер Илон Маск сака драстично да ги намали трошоците, бидејќи многу компании ги прекинаа рекламните кампањи на неговата социјална мрежа, што наводно предизвикало доцнење на подмирувањето на обврските за деловни простории, пренесува CNBS.

Заинтересираните купувачи можат да го видат опсегот на стоки од просториите во Сан Франциско што Твитер сака да ги продаде преку веб-страницата на Heritage Global Partners, која ја спроведува аукцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција го уништи својот углед како слободна земја, тврди основачот на Telegram

Неколку организации за човекови права ги повикаа компаниите да престанат да се рекламираат на Твитер поради обвинувањата дека социјалната мрежа не го спречува ширењето на говор на омраза и други навредливи содржини на својата платформа.