Националната ТВ станица ”ТВ 21”, предмалку објави аматерска снимка од случувањата во Клинички центар, поточно на Одделението за абдоминална хирургија, кога од проектил од огнено оружје беше ранет лекар – специјалист.
Имено, до вооружена пресметка според неофицијалните извори дошло откако разбеснети лица, отвориле оган кон лекарот, бесни за смртта на пациентка, инаку мајка на еден од напаѓачите.
Групата по пукањето на заминување беснеела низ одделението, а како што јавуваат некои медиуми, во нападот една медицинска сестра успеала да побегне во време на пукањето.
Напаѓачите се приведени, а во моментот се чека официјално соопштение од МВР.
Во меѓувреме, сите операции на Одделението за абдоминална хирургија се откажани поради протест на лекарите кои бараат одговорност од министерот за здравство.