Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим денеска изјави дека двајца турски војници загинале во пад на хеликоптер во Сирија каде е во тек турската офанзива против курдските борци.
– Засега можеме да потврдиме дека падна еден од двата турски воени хеликоптери. Страдаа две лица. Немаме сознанија дека е во прашање некоја интервенција однадвор, рекол Јилдирим.
Претседателот на Турција, Реџип Таип Ердоган претходно денеска изјавил дека воениот хеликоптер е соборен на северот на Сирија каде е во тек офанзива на Анкара против Курдите.
Ердоган не прецизирал кој е одговорен за соборување на хеликоптерот, туку дека оние кои го направиле тоа „ќе платат“.
Турската војсна од 20. јануари тргна во офанзива во Африн на северот на Сирија против курдските борци кои ги смета за терористи поврзани со Курдите на нејзина територија, а кои се сојузници на САД во борбата против Исламската држава.