Турската крајбрежна стража објави дека брод на таа земја бил нападнат и потонал кај северниот брег на Црното Море, и дека еден морнар е убиен, а четири лица се ранети.
Бродот „Дуру 67“ бил нападнат западно од Севастопол на Крим вчера, според соопштението од Командата на крајбрежната стража.
Пет повредени морнари биле спасени од друг брод, „Бурак Каја“, но еден од нив починал на пат кон Турција.
Повредените биле однесени во болница во главниот град на покраината Кастамону, објави агенцијата Анадолу.
Здравствените власти изјавија дека евакуираните претрпеле полесни повреди од шрапнели.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот.

