Турските воздухопловни сили извршија воздушни напади во северен Ирак и уништија 17 цели на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), соопшти турското Министерство за одбрана.
Loading...
Операциите беа спроведени во регионите Гара, Метина, Хакурк и Кандил во северен Ирак, пренесува Ројтерс.
Според соопштението, многу милитанти на ПКК се „неутрализирани“, што е термин што генерално се користи кога милитантите се убиваат, додаде Ројтерс.