Туристи загинаа во хеликоптерска несреќа во Кенија

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер што превезуваше туристи се урна денес во планинската област Ололокве во централна Кенија, а ниту еден од патниците не преживеа, изјави денес извор, пренесува Ројтерс.

Несреќата се случила во округот Самбуру, околу 250 километри северно од Најроби, во близина на Националниот резерват Самбуру.

Портпаролот на кениската управа за цивилно воздухопловство потврди дека хеликоптерот се движел кон реката Евасо Нџиро, која тече низ Националниот резерват Самбуру, но не кажа колку луѓе имало во него, ниту потврди дека меѓу нив има туристи.

Причината за несреќата и точниот број на жртви сè уште не се познати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емануел Макрон го објави законот за потпомогнато умирање