Турција: Во напад на полициска станица загина полицаец, а друг е ранет

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу во вторникот наутро потврди дека еден полицаец е убиен, а друг е повреден во терористички напад на полициска станица во провинцијата Мерсин.

Loading...

По нападот во квартот Мезитли, полицијата презела опсежни безбедносни мерки на местото на настанот.

Видео снимката од безбедносните камери покажува како две жени терористи ја напаѓаат полициската станица користејќи автомати.

Терористките, кои биле ранети во престрелката, се самоубиле активирајќи експлозив сокриен во нивните ранци откако сфатиле дека не можат да избегаат.

Турскиот министер Сојлу потврди дека се членови на терористичката група ПКК.

ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).

За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.