Турција: Откриена мина во морето во близина на границата со Бугарија

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е откриена мина во Црното Море во близина на границата со Бугарија.

Loading...

Претходно турскиот весник „Стар“ објави дека на влезот на Босфорот е забележано движење на предмет налик на мина.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Министерството за одбрана потврди дека утринава е пронајдена мина во близина на градот Игнеада на западниот брег на Црното Море и најави преговори со Москва и Киев за тоа прашање.

Босфорот бил затворен за бродови некое време.

 

Loading...

Ердоган го повика Путин да го прекине огнот во Украина

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нацистички знамиња осамнаа во Стокхолм на роденденот на Хитлер: Полицијата истражува!

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) претходно објави дека украинската армија поставила околу 420 пловечки мини на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни по почетокот на руската операција.