Турција и Италија ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Сподели со своите пријатели

Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија со нови проекти, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

„Ќе продолжиме да ја зајакнуваме соработката во областа на одбранбената индустрија со Италија, каде што е постигнат значителен напредок, а се планираат и нови партнерства и проекти“, рече Ердоган по средбата со италијанскиот премиер Џорџо Мелони во Рим, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Мелони, Ердоган рече дека лидерите поставиле нова годишна цел од 40 милијарди долари трговија меѓу двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На повидок војна на нуклеарни сили: Пакистан верува дека Индија „наскоро ќе нападне“