Турција е подготвена да распореди војници во Украина

Сподели со своите пријатели

Турција, чија армија е втора по големина во НАТО, е подготвена да распореди сили во Украина „ако е потребно“ за да гарантира мир, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Loading...

„Прашањето за придонес во мисијата ќе биде оценето со сите засегнати страни доколку се смета дека е неопходно за воспоставување регионална стабилност и мир“, се вели во соопштението на турското Министерство.

По последните настани, се додава, не е можно да се обезбеди европска безбедност без учество на Турција.

„Како членка на НАТО и на ОБСЕ, Турција е составен дел на европската безбедносна архитектура со нејзината одбранбена индустрија во развој, нејзината важна улога во решавањето на регионалните кризи и нејзината моќна војска“, се вели во соопштението од Анкара.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фицо: Словачка нема да ги блокира одлуките на самитот на ЕУ ако се врати транзитот на гас преку Украина