Тунис ја отфрла финансиската поддршка од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Тунискиот претседател Каис Саид ја отфрли финансиската поддршка што ЕУ ѝ ја најави на земјата во септември, а која делумно е наменета за борба против илегалната миграција, велејќи дека е во спротивност со договорот потпишан пред три месеци, пренесува Ројтерс.

Европската комисија минатиот месец објави дека ќе му плати на Тунис 127 милиони евра помош како дел од јулскиот договор за борба против илегалната имиграција од Африка во Европа.

„Тунис го отфрла она што го најави ЕУ, не поради малата сума, туку затоа што предлогот е во спротивност со меморандумот за разбирање потпишан во јули“, рече Саид во понеделникот, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Договорот од јули вклучуваше помош за Тунис од една милијарда евра, која освен за справување со миграциската криза, ќе послужи и како „инјекција“ за економијата и државните финансии.

Спорот меѓу двете страни се совпадна со пристигнувањето на рекорден број мигранти од Тунис и Северна Африка на италијанскиот остров Лампедуза.