Тропски вторник – температурата ќе се искачи до 38 степени

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден ќе биде сончев и релативно жежок. Малата релетивна влажност е добрата сттрана на ова жешко време, бидејќи топлотниот индекс нема многу да се разликува од реалната температура. А, максималната температура денеска во котлините од источниот крај, Полог и Пелагонија ќе има вредност  околу 34°С. Долж повардарие максималната температура ќе биде во дијапазонот од 36°С до 38°С. Посвежо, но сепак топло, ќе биде на повисоките места. Таму максималната температура ќе има вредности од 26°С до 30°С.

Loading...

Сончево со мала облачност ќе биде и утре, а максималната температура ќе биде повисока во однос на вторник за околу 2°С. Со тоа, во гевгелискиот крај има реални шанси да дојдеме до првата четириесетка годинава.

Во четврток се очекува продор на нешто постуден воздух од север, но истиот, барем во четврток, нема да влијае премногу на максималната температура. Таа во северниот регион ќе има вредности околу 36°С, додека на југот на повардарието ќе има вредност околу 38°С. Остнатите котлини ќе имаат температура околу 34°С.

Попладне во четврток се очекува делумно нестабилно време. Ќе има развој на облачност кои локално ќе донесат дожд и грмежи.