Тројца војници повредени во напад на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелската медицинска служба Црвена Давидова Звезда  денеска соопшти дека три лица се полесно повредени во напад на автопат на Западниот Брег, во близина на селото Наби Илјас.

Loading...

Израелската армија (ИДФ) објави дека станува збор за тројца војници, пишува Тајмс оф Израел.

„Едниот војник се здобил со полесни повреди, вториот е во добра состојба, а на третиот војник му била укажана помош на лице место“, соопштија од ИДФ.

Во соопштението се додава дека по напаѓачите се трага.