Едно лице од Куманово и две од Штип, биле приведени по физичка пресметка во Куманово, а полицијата им пронашла и пиштол на дијаболи и остар предмет.
– На 17.07.2026 во 22:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода У.З.(43) од Куманово, Џ.С. (43) од Штип и Т.С. (49) од Штип, по претходна пријава дека на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“ дошло до физичка пресметка помеѓу нив, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, кај нив биле пронајдени остар предмет и пиштол на дијаболи.
– По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски

