Тројца повредени откако „хонда“ удрила во паркиран мопед во Матејче

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои две потешко, откако „хонда“вчера удрила во паркирна мопед на локалниот пад во селото Матејче, липковско.

Loading...

– На 29.06.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на локален пат во с.Матејче, мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Б.(19) од с.Матејче удрил во паркиран мопед “баотиан“ со тетовски регистарски ознаки, паркиран од А.Љ.(28), а до мопедот стоел и А.Љ.(30), двајцата од с.Матејче, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.Б. и А.Љ.(30), а со повреди се здобил и А.Љ.(28), констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски