Тројца од групата во Куманово биле против раководството на ДУИ

Сподели со своите пријатели

Терористичката група која беше елиминирана во Куманово со месеци ги планирала акциите во Македонија чија цел била дестабилизација на државата и делегитимирање на раководството на ДУИ и наметнување на свои луѓе внатре во партијата кои би биле поствени на нивни места, а би биле избрани од нив, односно од патрони во Косово.

Loading...

Водачите на групата, командниот кадар на поранешната 113 бригада, за своите планови отворено зборувале и на социјалната мрежа Фејсбук уште на почетокот на годинава, пренесува Вечер.мк.

Раговорите кои се уште не се избришани и можат да се видат покажуваат дека целта на Ндрецај, Красниќи и Ушкини е насилно, па дури и со иницирање на нов конфликт да се тргне сегашното раковдство на ДУИ по секоја цена и да се инсталираат нивни луѓе во општините со кои тие раководат, а потоа да се инсистира на нов политички договор меѓу Македонците и Албанците во државата. Тројцата терористи сегашното ракодовство на ДУИ го сметаат за предавничко и комунистичко и затоа мораат да се соочат со “крвав мај”.

Според терористите, ДУИ се отажале од идеологијата, го лажеле албанскиот народ во Македонија и работеле за сопствени финансиски мотивирани цели.

krvav_maj_teroristi2

Покрај низата навреди кои ги упатуваат кон раководството, лидерот на партијата Али Ахмети често го ословуваат со кодното име под кое е заведен како соработник на УДБА – “Александар Антиќ”, исто како и неговите најблиски соработници, Фазли Велиу – “Вујко”, Муса Џафери – “Мајка”, Гзим Острени – “Дрина” и Талат Џафери – “Стрела”.

Во разговорите се вклучуваат и нивни поранешни соборци кои сакаат да им се приклучат, но сметаат дека не се доволно јаки бидејќи Ахмети има повеќе луѓе на терен.

Меѓутоа тоа не ги загрижува терористите.

Loading...

– Ние во 2001 ја почнавме војната и го ставивме Али. Сега ќе најдеме друг човек, пишува Ндрецај.

Некои нивни соборци не го поддржуваат нивниот план и отворено дискутираат со нив на социјалната мрежа.

Она што е познато е дека членовите на терористичката група кои се од Косово, без исклучок се од военото крило на поранешното УЧК и ОНА, и блиски до партијата на Рамуш Харадинај и косовското “Самоопределување” предводено од Реџеп Селими, генерал на УЧК.

Меѓутоа засега ниту една оперативна информација не води кон овие две лица како финансиери или организатори, но тоа не ја исклучува можноста дека работеле по нивен налог и со нивно знаење.

Извор: MK News

Leave a Reply