По седми пат во Куманово во сабота точно напладне ќе се одржи традиционалната трка „Born 2 Run“ во организација на Центарот за интеркултурен дијалог.
– Настанот Born 2 Run веќе е препознатлив и ценет меѓу младите во Куманово и пошироко, и оваа година ќе се одржи по седми пат, а главна цел е да ги собере младите од Куманово и државата на едно место каде што ќе имаат можност да спортуваат, да се дружат и да креираат нови позитивни искуства, велат од ЦИД Куманово.
Регистрацијата на учесниците ќе започне во 11 часот, а почетокот на трката е закажан за во 13:00 часот.
За време на трката, како што информираат организаторите, ќе бидат блокирани одредени улици во град Куманово и тоа: „Гоце Делчев“, „IIIта МУБ“, „Железничка“, „Октомвриска Револуција“ и „Доне Божинов“.
Никола Ивановски