Тринаесетти ден во болница: Откриени најновите информации за папата Франциско

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско помина мирна ноќ и се одмара. Ова се најновите информации за првиот човек на Католичката црква, кој веќе тринаесетти ден се лекува во поликлиниката „Гемели“.

Loading...

„Клиничката состојба на Светиот Отец останува многу сериозна, но стабилна, акутни респираторни кризи нема, а хемодинамските параметри се стабилни.

Претходно во вечерните часови му беше извршена планирана КТ скен за радиолошки мониторинг на билатерална пневмонија.

„Прогнозата останува неизвесна“, соопшти синоќа Канцеларијата за печат на Светата столица, додавајќи дека папата ги продолжил своите работни активности наутро по причестувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Словачка: Нашиот став за Украина е принципиелен како и за непризнавањето на Косово