Три земји погодени од воен удар ја напуштија организацијата ЕКОВАС

Сподели со своите пријатели

Три земји во западноафриканскиот регион, Нигер, Мали и Буркина Фасо, кои се под контрола на воените хунти, формално ја напуштија Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), соопшти денеска блокот.

Loading...

Повлекувањето, кое првпат беше најавено пред една година, стана официјално и стапи на сила, објави АП.

Во соопштението на ЕКОВАС се вели дека организацијата ќе остави „отворена врата“ за тие земји и дека сите членки се поканети да продолжат да им даваат привилегии за членство, вклучително и слободно движење во регионот со пасош на ЕКОВАС.

ECOWAS, кој е основан во 1975 година со цел да ја промовира соработката и интеграцијата за да го подигне животниот стандард на граѓаните и да ја одржи економската стабилност, сега се соочува со губење на довербата во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес го погоди Тајван

Оваа организација стана главен политички авторитет во Западна Африка, често соработувајќи со држави за справување со внатрешните предизвици, од политика до економија и безбедност.

Сепак, многу западноафриканци веруваат дека ECOWAS брзо ја губи поддршката и дека не ги застапува нивните интереси, особено во регионите каде што граѓаните нагласуваат дека не ги користат богатите природни ресурси на нивните земји, забележува АП.