Три награди за Театар Куманово за претставата „Малата сирена“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово доби три награди за изведба на претставата „Малата сирена“ на Детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип.

Loading...

Никица Јановски доби награда за најдобар актер, Кети Пауновска за костимографија, а за сценографија со награда се закити Крсто Богојевски.

 

 

Како што информира директорот на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, претставата е направена пред четири години и сѐ уште се игра и за неа има голем интерес.

– Навистина бевме изненади вчера кога ни јавија дека сме добитници на три награди. Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои учествуваа во оваа театарска претстава на целата екипа, младите луѓе кои им дадовме шанса да бидат дел од оваа театарска претстава и навистина ја оправдаа довербата. Оваа претстава ќе биде уште на реперотарот на Театар Куманово и ќе се игра, рече Тодоровски на денешната прес конференција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

 

Loading...

 

За актерот Никица Јанковски ова е прва награда и вели дека е мотивација да продолжи да го работи она што го сака, да гради улоги и ликови.

– Имавме еден прекрасен процес и на мојата улога Ушко во „Малата сирена“. Имав колеги кои даваат се од себе кога се на сцена, тоа не е само во оваа туку во сите претстави на Театар Куманово. Со оваа приказна израснав, ликот на Ушко ми беше омилен, сакам да се заблагодарам на Театар Штип што ме избраа само мене, но ова не е само моја награда, туку на сите мои колеги кои се дел од претставата како и публиката која постојано нѐ мотивира да даваме се од себе, рече Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

 

 

И за Кети Пауновска ова е прва награда, но и прва улога како костимограф. Вели дека тоа е потврда дека со она што го работи е на добар пат.

Loading...

–  Уште на самиот почеток имаше позитивни коментари но ова после 4 години е голема потврда за тоа. Се надевам дека и понатаму претставата ќе има добар одѕив. Што се однесува до костимите, уште на самиот почеток самата работа за претстава за деца го подига нивото на креативност многу високо што значи дека немаше граници и нешто што не можеше да се изведе, вели таа.

 

 

Како дипломиран архитект кој сакал да се испроба во сценографијата Крсто Богојевски ја добива улогата на сценограф за „Малата сирена“, а од фестивалот се враќа со награда за неговата работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

– Морам да кажам дека е многу позабавен, креативен, пособено кога се работи за детските претстави. Креативноста нема граници, целата имагинација детска се обидуваме да ја доловиме на сцената и успеавме со оваа претстава тоа да го изведеме. Би сакал да се заблагодарам на целиот тим, на сите што беа дел од овој проект, на сценските работници, светло мајсторот кои овозможија сето тоа да изгледа како што е на самата сцена, изјави Богојевски.

 

Loading...

 

Во претставата, освен Јановски, играат и Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Александра Михајловска, Дубравка Киселички, Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ и Владо Дојчиноски.

Никола Ивановски