Три лица загинаа во Русија при пад на хеликоптер „Робинсон Р-66“ на компанија за ископ на злато, чии остатоци ги пронајде екипа за пребарување, соопшти денеска Центарот за цивилна заштита и заштита од пожари во Амур.
Loading...
Хеликоптерот кој исчезна вчера се урнал на околу 30 километри од село, а во потрагата биле вклучени 20-тина лица со теренски возила и хеликоптер Ми-8, пренесува Интерфакс.
Во понеделникот хеликоптерот нерегистриран лет над областа Зеј во регионот Амур.
Поведена е кривична постапка за прекршување на правилата за движење и контрола на воздухопловот.