СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.З. (50), Х.З. (24) и И.З. (27) сите од с. Никуштак -Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„насилство“.
Loading...
Пријавените на 08.07.2015 година, околу 10,00 часот во Куманово на ул. „Браќа Филиповиќ“ влегле во домот на Ќ.Ш. (47) при што првопријавениот, физички ги нападнал оштетениот и неговата сопруга, а второ и трето пријавените со употреба на физичка сила и тврди предмети ја оштетиле куќата.